Делофеу е херојот на Ватфорд

Ватфорд на сензационален начин се избори за најзначајната победа оваа сезона, на „Вембли“ падна Вулверхемптон со 3-2 во второто полуфинале од ФА Купот. Иако „волците“ имаа два гола предност по еден час игра, фудбалерите во црно-жолти дресови не се предадоа, успеаја да изнудат дополнителни 30 минути во кои стигнаа до посакуваниот триумф.

Доерти прв затресе мрежа и донесе предност за Вулверхемптон во 36-тата минута, за потоа Хименес да зголеми на 2-0 во 62-та минута. По тој гол, во игра влезе Жерар Делофеу, а ја оправда довербата на неговиот тренер со голот за 21 кој го постигна во 79-тата минута.

Волците имаа задача да издржат во последните минути и веќе го чувствуваа финалето, но во третата минута од судиското надополнување во регуларните 90, Ватфорд доби пенал кој го казни капитенот Дини, а конечните 3-2 ги постави ексфудбалерот на Барселона во 104-тата минута.

Ватфорд во финалето ќе се соочи со Манчестер сити, а пресметката за пехарот на ФА Купот ќе се игра на „Вембли“ на 18 мај.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1114931507833995264

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1114936373281271809

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1114940841523597312

- Оглас -

Најнови вести