Жарарт Деулофеу беше на половина пат за Милано, самиот изрази желба повторно да игра за Милан, но Ватфорд не ја крена рампата, а зимскиот преоден рок веќе заврши.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо, долго зимава преговараше со претставниците на премиерлигашот од Лондон да го пуштат Деулофеу на позајмица, но одговорот беше дека предвид доаѓа само комплетен трансфер, и тоа за сума од 25 милиони евра.
Трансферот не се реализира, па поранешниот член на Барселона и на Милан остана во Ватфорд.
„Јас сум професионалец и ќе играм за Ватфорд во следната година, можеби и пет. Сакав да се вратам во Милан, но немаше договор меѓу двата клуба. Ќе дадам сè од себе да играм уште подобро во продолжението од Премиер лигата“, изјави Деулофеу.
Тој е дел од генерацијата таленти на Барселона што ја мина Академијата „Ла Масија“ на Каталонците заедно со нашиот потенцијален репрезентативец Давид Бабунски. Во Полска на младинското ЕП во 2017 година имаше срдечна средба меѓу двајцата големи пријатели, тогаш противници на теренот на Арка во Гдиња.
Деулофеу играше за Милан од јануари до јуни 2017 година, а Леонардо и „росонерите“ не се олткажуваат од планот да го вратат извонредното крило на Ватфорд на „Сан Сиро“ веројатно во летниот преоден рок.