Делува како да е бојно поле, а не меч од фудбалско финале на Куп во Грција (Видео+Фото)

ПАОК и Панатинаикос се борат за трофејот во Купот на Грција, но тоа што се случува на трибините ги засени актерите на теренот. Навивачите на двата тима едноставно без прекин дивејат на стадионот во Атина.

Гореа делови од трибините, летаа факели, навивачите се тепаа на трибините, па дури и на атлетската патека, а полицијата не знаеше каде попрво да реагира.

Едноставно е вистински пекол на трибините, но и на теренот.

За главен судија на ова финале беше избран најдобриот шпански судија, Лахор, но и тој го почувствува грчкиот пекол. Еден играч беше дури и погоден со камен, но мечот сепак продолжи.

По првото полувреме, Панатинаикос води со 1:0 и тоа со гол постигнат од пенал.

- Оглас -

Најнови вести