Со пласман на последното 210-то место на ФИФА-листата, Сан Марино го има приматот за најслаба репрезентација во светот. Сепак, дека фактичката состојба на ранг-листата не соодветстува на играта на теренот, Сан Марино покажа со игрите во Сегментот Д од Лигата на нациите. Со две победи, едно реми и само еден пораз, Сан Марино го освои првото место во групата, во која беа и Гибралтар и Лихтенштајн.
Според некои пресметки, Сан Марино сега има дури и шанси да игра во бараж за пласман на Светското првенство во 2026 година. Калкулациите велат дека доколку сите репрезентации кои се дел од првиот и вториот барабан во квалификациите за СП 2026 ги освоијат првите две места во групите, ќе се случи Сан Марино да добие шанса да биде дел од баражот за Мундијалот.
If you thought this day couldn’t get more crazy, check this out:
‼️ San Marino 🇸🇲 may be only 2 games away from qualifying to the 2026 World Cup ‼️
How is that possible?
Best 4 UNL group winners who do not finish Top 2 in their WC qualifying group will go to WC play-offs.
If… pic.twitter.com/np9ceMgKCE
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 18, 2024