Делува нелогично, ама факт е – Серија А со најмногу голови во топ лигите

По завршувањето на националните шампионат во Топ лигите во Европа, следува период за анализи, а она што прво паѓа во очи е дека италијанската Серија А е најефикасна според бројот на голови сезонава. Ова е чуден податок, бидејќи традиционално, во Серија А се игра(ше) најтврд фудбал на малку голови, но изгледа тоа е само минато.

Од друга страна, шпанската лига губи на ефикасност, таму сезонава Реал Мадрид до титулата дојде благодарение на цврстата одбрана, а не на некаков ефикасен напад. Можеби и трансферот на Кристијано Роналдо придонесе во Италија да се подобри ефикасноста, а во шпанската Ла Лига да падне.

Статистиката вели дека во Италија, сезонава паднаа 1.154 голови. Најефикасен тим беше Аталанта со 98 погодоци. На второ место е англиската Премиерлига со 1.034 голови, на трето место е германската Бундеслига со 982, а шпанската Примера е само четврта со 942 голови. Француската Лига 1 не е земена во предвид, бидејќи беше прекината поради пандемијата од коронавирус, и не се доигра.

- Оглас -

Најнови вести