Иако поминаа само два и пол месеца од 2024 година, веќе започнаа предвидувањата за тоа кои играчи се најблиску до освојување на Златната топка. Лионел Меси е актуелен освојувач на оваа најпрестижна индивидуална фудбалска награда (рекордер со осум признанија), а според проценките, изненадувачки е тоа што Аргентинецот повторно се споменува во Топ 5 најголеми фаворити за ова признание.
Проценките се дека Меси има 10 отсто шанси да ја освои оваа награда и тоа го сместува на петтото место. Пред Лео се четворица блескави фудбалери. Хари Кејн од Баерн Минхен е со 17 отсто шанси да биде најдобар, потоа следува Ерлинг Халанд со 20 отсто, а Килијан Мбапе се проценува дека има 22 отсто шанси да ја добие Златната топка.
Како прв фаворит за освојувач на оваа индивидуална награда во 2024 година е Џуд Белингам со 25 отсто дека Златната топка ќе заврши во неговите раце.