Sвездениот Ал-Етифак предводен од клупата од англиската легенда, Стивен Џерард, без проблеми го започна настапот во Кралскиот куп на Саудиска Арабија и со 4-0 го совлада второлигашот Џеда.
Победникот беше решен уште во првото полувреме кое го добија домашните со 3-0, со погодокот на Вајналдум и двата на Муса Дембеле. Во второто полувреме во листата со стрелците се запиша и Ал-Кувајкиби.