Дембеле брзо одлучи: Подобро една година без пријателите, отколку без видеоигрите

Пред да дојде во Барселона, важеше за еден од најголемите таленти во Европа, па токму затоа каталонскиот гигант не жалеше пари и за да го доведе на „Камп ноу“, плати 125 милиони евра трансфер. Сепак, Усман Дембеле не се покажа во посакуваното светло во каталонскиот гигант.

Често е повреден, а покажуваше и недисциплина затоа што знаеше да задоцни на тренинг поради тоа што долго во ноќта игра видеоигри на „плејстејшн“. И Дембеле беше дел од повеќе од двемесечниот карантин, а сега играчот се врати на тренинг на Барселона.

Во интервју за клупската телевизија, Дембеле беше запрашан дали полесно ќе издржи една година да биде без пријатели или без „плејстејшн“, а фудбалерот без размислување одговори „без пријатели полесно можам да поминам една година“.

 

- Оглас -

Најнови вести