Дембеле дефинитивно го пропушта Ел Класико

Усман Дембеле, крилниот фудбалер на Барселона, дефинитивно го пропушта Ел Класико против Реал Мадрид, кое е закажано за 26 октомври. Французинот ќе мора да отслужи два меча суспензија поради црвениот картон кој го заработи во победата над Севилја.

Бидејќи се работи за директно исклучување, јасно беше дека казната ќе биде повеќе од еден меч, па Дембеле нема да игра ниту во дуелот против Еибар. Францускиот репрезентативец направи невидена глупост за време на дербито против Андалузијците откако му се обрати на судијата Матеу Лахос повторувајќи „многу си лош“ со намера да го потцени неговото судење.

 

- Оглас -

Најнови вести