Пари Сен Жермен триумфираше со 3-0 на гостувањето кај Брест и тоа е предност која речиси гарантира пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што парижаните ги чека пекол, со оглед на тоа дека можни ривали таму им се Ливерпул или Барселона.
Витиња од пенал беше стрелец на првиот гол вечерва против Брест, а потоа два гола постигна Усман Дембеле, кој игра во неверојатна форма. Дембеле има дури 18 гола на последните 11 официјални мечеви, а ако се гледаат само дуелите играни во календарската 2025 година, Дембеле има 15 гола на 8 настапи и 10 гола на последните четири меча.