Првите сигнали од Париз во врска со Усман Дембеле се позитивни и во ПСЖ веруваат дека нивниот прв стрелец ќе може да игра на реваншот од ЛШ против Арсенал.
Дембеле беше стрелец на единствениот гол синоќа, но потоа почувствува болки и го напушти теренот во 70-тата минута. Станува збор за мускулна повреда, но во ПСЖ велат дека е од замор и дека не е толку сериозно за да не може да игра на реваншот.
Сепак, додека не се направат деталните тестови, нема да биде 100 проценти јасно каква е повредата и статусот на Дембеле е дека тој е „неизвесен“ за реваншот. Тренерот Луис Енрике верува дека Дембеле ќе игра, но ако повредата не го дозволува тоа, верува дека и без него ќе играат како тим.