Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Лигата на шампионите од страна на УЕФА. Ова признание за Дембеле доаѓа само еден ден откако со неговиот ПСЖ го доби финалето на турнирот против Интер со историски триумф од 5-0.
🏆 UEFA Champions League Player of the Season: Ousmane Dembélé! 👏#UCL | @PSG_inside pic.twitter.com/1BQFl4Ficf
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) June 1, 2025
Оваа индивидуална награда би можела да има големо влијание врз гласањето за „Златната топка“, која ќе биде доделена на 22 септември. Дембеле постигна 33 гола и имаше 15 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
Тренерот на новиот европски првак, Луис Енрике потенцираше дека токму Дембеле заслужил да ја добие „Златната топка“.
„Знам дека сите зборуваат за Златната топка, но јас би му ја дал на Дембеле. Тој е лидер, тој е смирен на теренот, тој знае да се врати и во дефанзивата и да даде придонес и во одбраната. Без трошка сомнение, мислам дека Дембеле ја заслужува оваа награда. Постигна многу голови и имаше фантастична сезона“, вели Енрике.
Во идеалниот тим на сезоната во Лига на шампиони има дури седум играчи на ПСЖ.