Барселона ќе го пуштеше Усман Дембеле да се пресели во редовите на Манчестер јунајтед само за 45 милиони фунти, но, сепак, Французинот одби да го облече дресот на Црвените ѓаволи и реши да се бори за место во тимот на Роналд Куман.
Поради тоа, Јунајтед најде ново алтернативно решение по неуспешниот обид да го ангажира Џејдон Санчо. Солскјер ќе пазари од Арсенал, а наводно трансферот на Ејнсли Мајтланд-Најлс на „Олд Трафорд“ е во завршна фаза.
Најуспешниот англиски клуб ќе потроши до 22 милиони фунти, плус бонуси за универзалецот на Топчиите кој потекнува од школата на клубот од Лондон.