Дембеле: Грешките во финале скапо се плаќаат

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, ја истакна важноста од психолошката стабилност пред вечерашното големо финале во Лигата на шампионите против Интер во Минхен.

„Како што реков и претходно, многу сме горди што сме дел од ова финале. Работевме напорно и успеавме да ја промениме динамиката на сезоната. Интер е физички силен тим, добро организиран во одбраната и знае како да создаде проблеми. Ќе мора да ја смириме таа бура“, изјави францускиот офанзивец на официјалната прес-конференција.

Дембеле потенцираше дека психолошката подготвеност ќе биде клучен фактор.

„Мораме да бидеме сериозни од првата до последната минута. Секоја грешка може скапо да нè чини. Во исто време, неопходно е да ги контролираме емоциите – нормално е што сите сме возбудени, но токму тоа мора да го надминеме. Цела недела си повторуваме дека треба да останеме смирени, фокусирани и да играме со насмевка. Справувањето со емоциите ќе биде еден од клучните фактори во натпреварот“, истакна еден од најголемите адути на Луис Енрике на вечерашното финале во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести