Дембеле ја доби целата опрема од Меси: „Најдобриот во историјата“

Освен победата над Интер Мајами, одлична вест за ПСЖ е и враќањето на нивниот најдобар фудбалер, Усман Дембеле, кој ги доби првите минути на Светското клупско првенство по повредата.

Французинот се повреди на меч на репрезентацијата и 20-тина дена не беше на располагање на тренерот Луис Енрике, но се врати токму за дуелот против неговиот добар пријател, Лионел Меси.

Дембеле по мечот ја доби комплетната опрема од Аргентинецот, па му се обрати со зборовите: „Колку е убаво што повторно те гледам Лео – Најдобриот фудбалер на сите времиња. Се надевам дека ќе продолжиш да пишуваш историја со Интер Мајами, како што направивте на Светското клупско првенство“.

- Оглас -

Најнови вести