Барселона во среда гостува во Манчестер, каде што на „Олд Трафорд“ ќе го одигра првиот четвртфинален меч против Јунајтед во Лигата на шампионите. Каталонците се во одлична форма и ќе се обидат уште во првата средба да ја завршат работата, иако е јасно дека овој пар се смета за дерби во четвртфиналето.
За тој дуел, во редовите на Барселона се врати Усман Дембеле, кој поради повреда не беше во составот на Барса во победата на Атлетико Мадрид во саботата. Дембеле го издржа цел тренинг на првиот тим, односно го одработи без проблеми, што значи дека ќе конкурира за стартниот состав за во среда.
Ернесто Валверде ќе располага со целиот тим, сите се здрави и подготвени да придонесат за Барселона од Островот да замине со позитивен резултат.
Спектаклот на „Олд Трафорд“ е закажан за в среда, со почеток од 21 часот.