Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец, Усман Дембеле, во еден подкаст откри дека планира професионално да игра уште седум години, а потоа да влезе во бизнисот со недвижнини.
„Сакам да се пензионирам на 34 години. Потоа сакам да се впуштам во бизнисот со недвижнини. Ќе инвестирам во Африка, во Франција…“, рече крилниот напаѓач кој има играно за Борусија Дортмунд, Барселона, а сега е во ПСЖ.