Усман Дембеле на најдобар можен начин ја заокружува 2025 година, откако во својата ризница на пехари и признанија го додаде и трофејот за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА.
Пред нешто повеќе од два месеци Дембеле ја доби „Златната топка“, а сега го доби и признанието за најдобар во изборот на ФИФА.
„Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи. Напорната работа се исплатеше. Му благодарам на моето семејство и на клубот со кој имав фантастична сезона. Благодарам на Џани Инфантино, ја добив вашата порака за мојот роденден. Се надевам дека следната година повторно ќе се вратам тука“, рече Дембеле.

