Усман Дембеле повторно го налути раководството на клубот. Вчера доцнел два часа за предвидениот тренинг, а потоа бил принуден да тренира сам. Не е наведена причината зошто доцнел, информираат шпанските медиуми.
Управата на клубот е лута на однесувањето и неодоворноста на фудбалерот. Дембеле и пред еден месец доцнеше на тимскиот тренинг, наводно цела ноќ играл видеоигри и не се разбудил навреме. Тогаш тренерот Ернесто Валверде го изостави од тимот за мечот против Реал Бетис.
Каталонците исплатија 100 милиони евра за неговите услуги, но ваквото однесување нема да го толерираат, па веќе ги разгледуваат опциите за негова продажба.
Барселона се подготвува за последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. Утре на „Камп ноу“ ќе го пречека Тотенхем, мечот кој е закажан во 21 часот.