Дембеле прифатил да замине во Пари Сен Жермен, Каталонците лути

Новинарот Фабрицио Романо, кој важи за експерт за трансфери, објави дека Осман Дембеле од Барселона дал зелено светло за премин во Пари Сен Жермен, а веста ја потврдија и медиуми од Франција и Шпанија.

Се шпекулира дека Дембеле кому договорот му истекува следното лето, одлучил да си оди кога дознал дека наводно Барса на Светците им ги нудела него и Гави во замена за Килијан Мбапе.

Каталонските медиуми најавуваат дека Барса ќе влезе во „војна“ со ПСЖ и ќе го пријави во УЕФА ако парижаните ја платат клаузулата која може да се активира денеска и со која Дембеле може да си оди само за 50 милиони евра (веќе од утре клаузулата ќе биде 100 милиони).

Во клубот размислуваат и да не му дозволат на Дембеле да патува со нив во Лас Вегас, каде што треба да го играат следниот контролен меч против Милан, но тренерот Чави ќе го убеди да остане во тимот.

- Оглас -

Најнови вести