Дембеле се налути: „Ако не ви се допаѓа како играме …“

Репрезентацијата на Франција без ниту еден гол од игра стигна до полуфиналето на Европското првенство. Во групната фаза со еден автогол и еден реализиран пенал на Мбапе дојдоа до една победа и два нерешени резултати, додека во разигрувањето, французите со автогол ја победија Белгија, а со Португалија одиграа 0-0, па победија на пенали.

Сосема е јасна разочараноста на навивачите, но и на светската фудбалска јавност за слабите игри на Дидие Дешан, но Осман Дембеле не мисли така.

„Ваш проблем е ако не ви се допаѓа како играме. Создаваме шанси, но не успеваме да ги реализираме. Тоа е позитивно.“ – вели Дембеле.

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, смета дека Шпанија е фаворит во дуелот од полуфиналето.

„Нема сомнеж дека Шпанија е најдобрата селекција на Европското првенство. Треба да им се честита на момците на Де ла Фуенте. Сепак, ние ќе се бориме како и секогаш.“ – рече Дешан.

- Оглас -

Најнови вести