Осман Дембеле ѝ донесе предност на Барселона со гол во 14-тата минута против Јувентус и Каталонците најавија во Торино дека се подготвени на продолжување на серијалот што нема крај.
По првото полувреме во Торино е 0:1 и ако Каталонците успеат да ја задржат предноста и да ја победат Старата дама, пак се топ-фаворити за првото место во групата во конкуренција уште и на Динамо Киев и на Ференцварош.
Подвиг што го репризираат од 2007/08 година досега, нешто што не ѝ успеало на ниту една друга екипа во Лигата на шампионите.
Од вкупно 24 учества во луксузното натпреварување, Барселона дури 21 пат била на првото место во првата фаза по групи, што исто така е недостижен рекорд.