Дембеле: Уште како дете сонував за еден ваков натпревар

Усман Дембеле ја игра најдобрата сезона во кариерата, а сега е на чекор од тоа да ја заокружи со освојување на трофејот во Лига на шампиони. Францускиот репрезентативец е вистински лидер во играта на Светците и еден од најзаслужните за освоените трофеи во првенството и Купот на Франција.

Сепак, главниот трофеј кој ПСЖ никогаш во клупската историја го нема освоено е во Лига на шампиони. Францускиот првак вечерва во Минхен ќе игра против Интер, а Дембеле открива дека уште како дете имал сон да стигне до тронот на Европа.

„Уште како дете сум сонувал за ваков натпревар. Се подготвувам за финалето смирено, сериозно и концентрирано. мораме да останеме фокусирани на играта, на тимот, на самите себе“, рече Дембеле.

Интересно е тоа дека ПСЖ имаше лош настап во групната фаза и заврши дури на 15-тото место, но потоа во нокаут фазата одигра фантастично и заслужено ќе игра во финалето и ќе се бори за трофејот.

- Оглас -

Најнови вести