Мартин Демикелис официјално е назначен за нов тренер на Мајорка. Од клубот информираа дека со аргентинскиот стратег е потпишан договор до крајот на тековната сезона, со вклучена клаузула за продолжување на соработката за уште една година.
Пред Демикелис е сериозен предизвик, да ја извлече екипата од опасната зона и да воспостави стабилност во играта и резултатите во завршницата од првенството.
Поранешниот дефанзивец ја прифатил понудата со јасна намера да внесе дисциплина и компактност во тимот во преостанатите натпревари. За разлика од другите кандидати, тој не условувал со подолгорочен договор, туку се согласил на ангажман до крајот на сезоната, што се покажало како пресудно во финалните разговори со управата.
Иако договорот е активен веднаш, Демикелис нема да го води составот на наредниот натпревар. Прес-конференцијата пред дуелот со Реал Сосиедад ќе ја одржи Густаво Сивиеро, кој воедно ќе биде и на клупата за време на натпреварот.
Martín Demichelis, new coach of RCD Mallorca ❤️🖤
— RCD_MallorcaEN 🇬🇧🇺🇸 (@RCD_MallorcaEN) February 26, 2026
The Argentinian coach signs until the end of the season with the option of an additional one.
Welcome home, Martίn. pic.twitter.com/BuTIcV1YpF

