Демир Имери му се придружи на Марко Симоновски и го засили составот на кипарскиот Енозис, кој од клупата го предводи македонскиот стратег Бојан Маркоски. Очигледно е дека клубот во овој зимски преоден рок бара дополнителна свежина и квалитет во офанзивата, па изборот падна токму на македонските интернационалци.
Имери важи за одличен креативец, кој во својата кариера остави белег уште како најмлад дебитант во историјата на Прва МФЛ, а подоцна беше и редовен член на младинските репрезентации на Македонија.
Покрај интернационалното искуство, тој има и богато минато во домашното првенство, каде што последен пат ги бранеше боите на Работнички.

