1.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Денот Д на ракометното ЕП, од шест тима кандидати, три ќе се најдат во полуфиналето

Денеска се игра последното коло од втората групна фаза на Европското првенство во ракомет, а се чини дека никогаш не било полудо и понеизвесно во пресрет на битките за полуфинале.

Во претпоследното коло имаше многу неочекувани резултати, па сега дури шест селекции се надеваат дека ќе стигнат до полуфиналето.

Во Групата 1, Данска обезбеди пласман во полуфиналето, а Германија и Франција во директен меѓусебен дуел ќе се борат за полуфинале. Победникот оди понатаму, а на Германците им одговара и нерешен резултат на овој спектакл.

Во групата 2, Хрватска, Исланд, Шведска и Словенија се во игра за полуфиналето.

Хрватите се во најдобра позиција бидејќи зависат само од себе, а со победа над Унгарија би се пласирале во полуфиналето.

Теоријата вели дека Хрватска може да оди понатаму и со нерешен резултат, па дури и со пораз ако им се поклопат другите резултати. 

Исланд и Шведска се изедначени со по пет бода, еден помалку од Хрватска, но Исланд има подобар сооднос на меѓусебни средби, па затоа е јасно дека островската земја би имала предност доколку двата тима победат.

Иако се чинеше дека Словенија е елиминирана, со неуспехот на Шведска против Унгарија синоќа тие се вратија во игра за полуфиналето, а пресметката за нив е кристално јасна. Словенија мора да го победи Исланд, а потоа да се надева и дека Шведска ќе загуби од Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести