Ден Д за Хари Кејн и за Џани Алиоски

1803 Лајпциг – Баерн (15.30 часот)

Дојде денот кој Хари Кејн го чекаше цел живот, би требало конечно да ја освои првата шампионска титула во кариерата која му е богата со голови, но празна со трофеи. Интересно е дека „малерот“ Кејн поради суспензија нема да игра на денешното гостување на кое теоретски Баерн може и да загуби, а пак да ја обезбеди титулата. Баварците се убедливо најефикасен тим во Бундеслигата, имаат и најдобра одбрана, а Лајпциг се бори за место во ЛШ, но во прретходните две кола освои само еден бод и почна да заостанува во трката. Во декември во Минхен беше 5-1 за Баерн, Лајпциг дома го победил Баерн само еднаш, во 2018 година.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.60)

 

3004 Лече – Наполи (18.00)

Наполи не смее да си дозволи пораз, па и реми би било лошо за нив, но и на Лече овој меч му е ептен важен бидејќи тимот се бори за опстанок. Со само 24 постигнати голови на 34 меча, Лече е најнеефикасниот тим во Серија А, додека Наполи ја има најцврстата одбрана и ова покажува дека Лече не би требало да даде гол. Лече дома нема победа уште од 15-ти декември. Во октомври во Неапол, Наполи го совлада Лече со 1-0. Наполи победуваше и на последните четири посети на „Виа дел маре“.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.19)

 

1006 Арсенал – Борнмут (18.30 часот)

Арсенал веќе нема шанси за титула во Премиер лигата, и тимот е целосно фокусиран на реваншот од полуфиналето на ЛШ против ПСЖ, а тоа е шанса за Борнмут да стане единствен тим кој двапати го победил Арсенал сезонава. Ова е дуел на два тима кои имаат дури по три нерешени игри во последните четири кола. Топчите се тим со најмалку примени голови во Премиер лигата. Борнмут има само еден пораз на последните 10 гостувања, но и Арсенал ретко губи дома. Традицијата е 100 проценти на страна на домашните, Арсенал дома секогаш го победувал Борнмут, но денеска проблем може да им биде мотивацијата и големиот број на резерви кои веројатно ќе добијат шанса.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

5120 Ал Ахли – Кавасаки (18.30 часот)

Ова е финале на азиската Лига на шампиони, мечот ќе се игра во Џеда, и домашниот Ал-Ахли ќе има огромна поддршка од трибините. За Ал-Ахли игра нашиот лев бек Езџан Алиоски кој е пријавен само во ЛШ и во полуфиналето одигра цел меч, па би требало и вечерва да заигра од прва минута. Јапонски Кавасаки во полуфиналето го изненади Ал-Наср на Кристијано Роналдо. Ова е историска шанса за Ал-Ахли и трагедија би било да не ја искористат.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.20)

 

1305 Валјадолид – Барселона (21.00 часот)

Валјадолид веќе е испаднат, Барселона е блиску до титула, и тука нема дилеми дека ќе слави Барса, иако Каталонците ќе калкулираат со составот и во мислите ќе им биде реваншот со Интер. Разликата во квалитет е голема, и гостите би требало лесно да победат, иако можеби нема да форсираат против тим кој има 25 порази во досегашните 33 кола. Барса загуби на последното гостување кај Валјадолид во 2023 година, но во првиот дел од сезонава беше 7-0.

Предлог тип: 2 сигурна (1.94)

- Оглас -

Најнови вести