Ден е за подароци, до 13.30 часот одиграјте Спортска прогноза за „ајфон 11“

Денеска е ден за подароци, во Велика Британија е посебно свечено, се игра коло на познатиот Боксинг деј, а тоа е и убав момент да си добиете подарок од Sport Life и од Спорт Манија со учество со ваши прогнози во 16. коло на Спортска прогноза.

Време има да се вклучите на бесплатната игра со многу награди и главна премија „Ајфон 11“ и тоа можете да го сторите до 13.30 часот.

До тој рок, односно до почетокот на англиското дерби меѓу Лестер и Манчестер јунајтед можете да се приклучите на карванот од над 2.000 стандардни учесници на Спортска прогноза во третата сезона.

За ова коло во духот на празникот и на популарниот Боксинг деј ви нудиме за прогнозирање дури 8 меча од Велика Британија, кои се на основното мени на популарната „Тринаесетка“.

Денеска се играат шест меча, пет од нив од Островот и големото турско дерби меѓу Трабзонспор и Галатасарај. Утре ќе се приклучат и Белгијците и екипите од Серија Б во Италија, а како што доликува на празникот последниот меч е меѓу Евертон и Манчестер сити што ќе се игра во понеделник од 21 часот.

Не ги заборавајте и двете резервни двојки и дуелите меѓу Шефилд јунајтед и Евертон, односно Лидс и Барнли, бидејќи поените се книжат за Генерален пласман.

Колото е празнично и е вистински момент да одиграте 13+2 натпревари за „ајфон 11“, но и да останете во конкуренција за главната награда ТВ Смарт од 48 инли што ќе ја добие шампионот во Генерален пласман во третата сезона на нашата бесплатна игра.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести