Ден за двојна радост на Србите

Аргентина – Србија (кошарка, СП четврт-финале 13.00 часот)

Селекцијата на Аргентина без пораз дојде до оваа четвртфинална фаза на Мундобаскетот, ја креваат формата, но сега за ривал ја има Србија, која е еден од најсериозните кандидати за злато. Доколку го преболеле поразот од Шпанија и психолошки се вратиле на колосек, Србите сигурно ќе го добијат овој меч. Јокиќ беше исклучен на претходниот меч, но ќе игра и ќе биде од голема помош во битката со Скола.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 2-2 & >162.50 (2.65)

 

Луксембург – Србија (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Србите разочараа против Португалија и сега мора да победат ако сакаат да ја продолжат трката за место на ЕП. Дури и победа нема да ги стави во добитна позиција, но трите бода се неопходни за задржување на шансите. Иако без Тадиќ и Јовиќ, веруваме дека со ефикасна игра може да го совладаат Луксембург.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т2 1+I & Т2 3+ (2.80)

 

Молдавија – Турција (фудбал, квалификации за ЕП 20.45 часот)

Со три бода, Молдавија е претпоследна на табелата во својата група, само Андора е полоша од нив. На пет меча, Молдавците дадоа само еден гол. Турција води битка со Исланд и Франција за првите две места и секако е фаворит во вечерашниот двобој. И традицијата е на страната на Турците. Три од последните четири меча против Молдавија ги добија барем со три гола разлика.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & 3-5 (2.50)

 

Литванија – Португалија (фудбал, квалифиакции за ЕП, 20.45 часот)

Португалија не би требало да има проблем против Литванија. Со Србија ја покажаа силата, сега треба тоа да го направат и кај земјата во која фудбалот е на второ место според популарноста по кошарката. Литванците повеќе од една година немаат победа, а од Србија и Украина губеа со по три гола разлика, додека бодот им е против Луксембург. Роналдо и другарите сигурно победуваат, но можеби ќе имаат милост и нема да постигнат повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.95)

 

Албанија – Исланд (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Исланд има еднаков број бодови со Франција и Турција, па не би смеел да киксира против Албанија доколку сака да одржи чекор со ривалите. Единствениот пораз на Рибарите е против Франција, но нема да им биде лесно против нашите западни соседи. Албанците во официјален меч го победиле Исланд само еднаш, и тоа во 1991 година, а Исланѓаните во јуни како домаќини ја совладаа Албанија со 1-0.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

- Оглас -

Најнови вести