По вчерашниот ден кога имаше Премиер лига, овојпат имаме ден во кој доминираат дуели од куповите или првенствата во неколку земји каде што се игра квалитетен фудбал, па тука се и предложените квоти на денот од SPORT LIFE. Ние ви даваме уште два евролигашки предлози за денеска, со мини-анализи за тоа што мислиме дека треба да се прогнозира.
Уеска – Атлетик Билбао (18.30 часот)
Атлетик го доби првиот меч со 4-0 и тоа е капитална предност која славниот баскиски клуб не смее да ја испушти. Тешко може да се верува дека Уеска ќе успее да извојува каква било победа. „Фенерџијата“ во Ла Лига за неколку дена го пречекува Реал Мадрид и тој меч му е поважен од овој, бидејќи е на чекор од елиминација.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.50)
Феенорд – ВВВ Венло (20.00 часот)
Тимот од Ротердам има три победи по ред, од кои едната над дотогаш непоразениот ПСВ, па ја има улогата фаворит. Венло, кој игра променливо, нема што да бара, а Феенорд со победа би дошол на пет бода негатива во однос на вториот Ајакс. Но, како предупредување, во минатата сезона Венло освои 4 бода во двата меѓусебни дуели со Феенорд.
Предлог тип: Т1 1+ I & Т1 3+ (2.25)
Торино – Судтирол (20.45 часот)
„Биковите“ од Торино го пречекуваат тимот од планинската област Алто Адиџе, но „Јужен Тирол“ е аутсајдер во оваа пресметка и само прашање е колку гола ќе прими. Судтирол е тим од Серија Ц, група Б. И таму не им цветаат розите. И Торино игра променливо, но разликата во квалитет е голема и фаворитот не би смеел да се задоволи со минимална победа.
Предлог тип: Т1 3-5 (2.40)
Жалгирис – Олимпијакос (19.00 часот)
Олимпијакос врза три победи по ред, една од жртвите му беше и Реал Мадрид, а Жалгирис по серијата болни и тесни порази, славеше против Милано и си го врати позитивното расположение. Ова би требало да биде неизвесен дуел, како што беше неизвесно и во плејофот во минатата сезона кога се одлучуваше патникот на фајнал форот. Грците се единствениот тим кој сезонава имаше и три победи и три порази.
Предлог тип: 1 пол. (1.85)
Будуќност – Барселона (19.00 часот)
По победите над Басконија и ЦСКА, кога шутираа тројки „како луди“, веќе никој не го потценува Будуќност. Ова ќе биде надмудрување на двајца српски стручњаци. Веројатно и Барса ќе се мачи во Подгорица. Каталонците на гости имаат 3-3, и по 18 години, првпат се среќаваат со Будуќност (тогаш Барселона победи, а најдобар играч беше Пау Гасол). Барселона има 6-1 кога дава над 75 поени.
Предлог тип: <155.5 (1.90)