10.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Ден за паметење за Ѓоковиќ, испишува историја

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска стана вториот играч во историјата кој поминал 300 недели на првото место на АТП-листата. Пред него, тоа му успеало само уште на Роџер Федерер кој е прв со 310 недели, но не уште долго. Трет на оваа вечна листа е Пит Сампрас со 286 недели како светски рекет број 1.

Ако работите одат по планот на Ѓоковиќ, тогаш на 8 март 2021 тој ќе го надмине и Федерер и ќе стане тенисер кој најдолго се задржал на првата позиција.

Новак има 12.030 поени, а втор е Рафаел Надал со 9.850. Следуваат Доминик Тим со 9.125, Данил Медведев со 8.470, Роџер Федерер со 6.630, итн. Како прв на АТП-листата, Ѓоковиќ има 87,7 отсто успешност (378 победи и 53 порази), а против топ 10 играчите има дури 78,1 процент победи. Во финалињата скорот му е 38-14.

- Оглас -

Најнови вести