Ден за победи на екипите на Б, типуваме на Бриж, Бодо и Ботафого

2606 Гетеборг – Калмар (17.30 часот)

Некогаш силниот Гетеборг, сезонава има само една победа во 16 кола и се бори за опстанок во шведската лига. Калмар има 15 бода повеќе од Гетеборг, но досега сезонава Гетеборг има помалку примени голови од гостинот. На дуелите на Гетеборг, ретко има 3 голови. Традицијата е на страна на Калмар кој победи на последните три лигашки гостувања во Гетеборг, тоа беа дуели со 2-3 гола. Последната победа на Гетеборг над Калмар беше во 2019 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.65)

 

1661 Клуб Бриж – Мехелен (18.30 часот)

Ова е меч од првото коло во белгиската лига, а квотите за конечен тип го фаворизираат домаќинот. Мехелен пред една недела загуби од Антверп во Суперкупот на Белгија, додека Бриж во четвртокот беше убедлив со 3-0 против дански Архус во квалификациите од Конференциската лига. Бриж е тим кој уште од април нема играно нерешено.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.83)

 

2508 Бодо/Глимт – Тромсо (19.15 часот)

Со оглед на положбата на табелата, Бодо е прв, а Тромсо трети, ова е дерби н колото во Норвешка. Но, Бодо има 11 бода повеќе, додуша и со еден меч повеќе, но секако е многу подобар тим. Во последните три кола, Бодо имаше три победи, додека Тромсо имаше по една победа, пораз и реми. Тромсо е тим со најмалку примени голови во лигата, а Бодо е убедливо најефикасен со просек од 2.68 постигнати голови по меч.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.03)

 

4250 Ботафого – Коритиба (21.00 часот)

Лидерот на бразилската Серија А, дури минатото коло, во 16-тиот меч сезонаа, за првпат одигра нерешено, но има убедлива двоцифрена предност пред најблискиот конкурент во битката за титула. Екипата од Рио де Жанеиро има најцврста одбрана во лигата, а никој нема ни дадено повеќе голови од нив. Коритиба е трета од долу, но во налет се, освоија 10 бода во претходните три кола. Коритиба уште од 2002 година нема победа на гости кај Ботафого.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)

 

3145 Хајдук – Риека (21.05 часот)

Јадранските ривали од хрватската лига во дуелот влегуваат полни со самодоверба, бидејќи не можеа подобро да стартуваат, особено во еуфорија се Белите од Сплит. Во првото коло, Хајдук славеше во Загреб против Динамо, додека Риека со 4-0 го разби Рудеш. Во последниот нивен меч, Риека победи во Сплит, а на „Пољуд“ во нивните меѓусебни дуели последен пат било нерешено во 2018 година.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести