Ден за рекордери на култниот „Сантјаго Бернабеу“, Надал ќе го изведе почетниот удар, Реал чека јубилејна титула

Рафаел Надал ќе биде специјален гостин на Реал Мадрид во ден за рекордерите на култниот „Сантојаго Бернабеу“ и славниот тенисер ќе го изведе почетниот удар, денеска од 16.15 часот на мечот против Еспањол.

Кралскиот клуб ја чека јубилејната 35-та шпанска круна и му одговара и реми денеска против гостинот од Барселона.

Надал е тениски рекордер со 21 гренслем титула, пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а асот од Мајорка е почесен член на Реал Мадрид од 2011 година.

Денеска само ќе ја закити прославата што се очекува со изведување на почетниот удар на мечот и ќе биде специјален гостин на шпанскиот фудбалски гигант.

Најавено е дека Реал ќе игра со комбиниран тим, без неколку клучни играчи од калибарот на Бензема, Модриќ, Алаба, Каземиро, Милитао…

 

- Оглас -

Најнови вести