Ден за типување, играчите на Спортска прогноза најмногу веруваат во Ајнтрахт

Денеска во 15.30 часот почнуваат натпреварите од новото, 16-то коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, и тоа е терминот до кој може да се вклучите со ваши прогнози.

Прв натпревар е Дармштад – Ајнтрахт Франкфурт, пар за кој дури 84,3 проценти од играчите кои досега се изјасниле, типувале победа на гостите, и тоа е најчистиот фикс од сите 13 од основната понуда.

Голем фаворит на прогнозите е и Фрајбург против Хофенхајм, Волфсбург против Хајденхајм, а поделеноста е голема кај Лајпциг – Баер Леверкузен, иако за нијанса поголеми шанси му се даваат на гостинскиот тим за чија победа типувале 39,46 отсто за разлика од онаа една четвртина која се изјаснила за кец. Има парови и кај кои најголем број пргонозери предвидуваат нерешен исход.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести