Ден за типување за оние кои размислуваат до крај што да одиграат на Спортска прогноза

Денеска во 15 часот кога почнува мечот Комо – Монца, завршува рокот за учество во 12-тото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза. Голем број прогнозери веќе си ја завршија „обврската“, а ако не сте го сториле тоа, направете го, ништо не се губи, а може многу да се добие.

Неколку дерби-дуели посебно го привлекуваат вниманието, а меѓу 13-те натпревари од основната понуда има и парови кои се „зицери“ на хартија.

За бундеслигашкото дерби, мнозинството играчи му даваат предност на Баерн против Борусија Дортмунд, а Ливерпул е фаворит против Манчестер сити за повеќе од половината играчи, а за хрватското дерби Хајдук – Динамо, најмногу прогнозери се одлучија да типуваат на нерешено.

И останатите дуели се привлечни и интересни за прогнозирање, а како и секогаш, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 понудени парови.

За експертот кој ќе биде перфектен следува еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12-ка, се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека 11 погодени и две утки, носат ваучер во вредност од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести