Денес го презентираа Џерард за нов тренер, а сега сакаат да купат и премиерлигашка ѕвезда

Клубот од Саудиска Арабија Ал-Итифак, каде што настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, денес и официјално го претстави Стивен Џерард за нов тренер.

Следна цел на клубот ќе биде бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо, кој во моментов е дел од премиерлигашот Астон вила. Триесет и едногодишниот Бразилец има договор до 2026 година и Ал-Итифак доколку сака да го доведе во своите редови, ќе мора најпрво да преговара со Астон вила за обесштетувањето, иако не би требало да има поголеми проблеми бидејќи вредноста на Кутињо според „Трансфермаркет“ е 10 милиони евра.

https://twitter.com/Ettifaq/status/1675890893621186561?s=20

- Оглас -

Најнови вести