Денес кажува збогум на Реал, а веќе најде нов гигант каде ќе игра

Марко Асенсио помина седум години во дресот на Реал Мадрид и освои дури 17 трофеи, но сега дојде време да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Вечерва против Атлетик Билбао, Асенсио за последен пат ќе биде во белиот дрес, а потоа ќе се фокусира на нов предизвик.

Според најавите, Асенсио веќе се договорил за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Пари Сен Жермен е следната дестинација на шпанскиот репрезентативец. Договорот наскоро ќе биде комплетиран и ќе го обврзе Асенсио да остане на „Паркот на принцовите“ до јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести