Пет натпревари со квоти помеѓу 2.00 и 2.20 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Она што е интересно, во понудата има по еден натпревар од топ-5 лигите, а доколку се искомбинираат на еден тикет, вкупната квота изнесува 38.8.
На „Вила парк“ се очекува да има победник, но и голови, па квотата од 2.20 за натпреварот помеѓу Астон вила и Манчестер јунајтед ќе биде добитна само ако не заврши нерешено, но и ако двете екипи бидат ефикасни и постигнат барем по еден гол.
Голови се очекуваат и од екипата на Барселона, која попладнево гостува кај Алавес. Квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако „каталонците“ постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.
Истото се очекува и од Баерн Минхен, кој гостува кај Ајнтрахт Франкфурт. За да биде добитна понудената квота од 2.00, потребно е „баварците“ да постигнат најмалку два гола, но и да примат барем еден.
Голови се очекуваат и на мечот помеѓу Ница и ПСЖ, а квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако во двете полувремиња има помеѓу еден и три гола.
Ефикасно се очекува да биде и на мечот помеѓу Фиорентина и Милан. Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња, ќе значи дека квотата од 2.10 е добитна.