Tочно на пладне е ждрепката која може да влијае дали Македонија ќе игра на ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши најуспешните квалификации во историјата, но третото место во групата не беше доволно за пласман на ЕП 2020. Шансата сега е преку баражите во Лигата на нациите. Во март следната година, Македонија на свој терен ќе игра против Косово во полуфиналниот дуел. Со победа над Косово, Македонија ќе биде во финалето и само на еден чекор до историскиот успех.

Доколку го победиме Косово, противник во финалето ќе биде подобриот од дуелот Грузија – Белорусија. Засега не се знае каде ќе се игра финалето кое ќе го даде и патникот за континенталниот собир. УЕФА денеска точно на пладне со ждрепка ќе одлучи која земја ќе биде домаќин на финалниот бараж-меч од Сегментот Д во Лигата на нациите.

Секако дека ако Скопје ја добие организацијата за финалето, Македонија ќе има многу поголеми шанси за пласман на ЕП. Со игрите во последните мечеви на арената „Тодор Проески“ Македонија покажа дека може да победи и многу посилни селекции од Косово, Грузија или Белорусија, па затоа голем адут ќе биде доколку ждрепката биде на наша страна и Скопје ја добие организацијата на финалниот тим.

Тоа ќе го дознаеме точно на пладне.

- Оглас -

Најнови вести