Наместо стандардните 15 натпревари со зголемени квоти, во денешниот избор на Sport Life може да најдете вкупно десет дуели. Тоа е така затоа што денеска е еден од најнеспортските денови, денови во кои речиси и да нема натпревари на светската сцена поради католичкиот Божиќ.
Во понудата има три различни спорта, и тоа фудбал, хокеј и кошарка. Хокеј се игра во православните земји Русија, Белорусија и Украина, а во понудата има три дуели од руската елитна лига. Трактор е фаворит за победа на теренот на Барис Астана, додека Лада Тољати и Череповец ќе имаат тешки задачи пред своите навивачи во дуелите со Сочи и Нефтекимих, па „кецовите“ се со квоти од 1,94 и 2.00.
Тимот на Дубаи е голем фаворит за победа над Игокеа во кошаркарската АБА-лига, а зголемемиот „кец“ е со 1.25. Од фудалот, зголемени квоти има на репрезентациите на Обединети Арапски Емирати и на Катар, кои играат против Кувајт и Оман во рамките од Гулф купот.