Денешниот датум е најтажен во историјата на ПСЖ, виновни за тоа се и Меси и Нејмар (Видео)

Денот на жената, Осми март, не буди убави спомени во фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, бидејќи пред точно шест години, на денешен датум го претрпеа најболниот пораз во историјата.

ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите на неверојатен начин, со катастрофален пораз од 1-6 против Барселона, со што Каталонците го надоместија огромниот минус од 0-4 кој го имаа по првиот меч.

Тогаш во редовите на Барселона беа Лионел Меси и Нејмар, кои сега се членови на Светците. Нејмар даде гол против ПСЖ од сомнително досуден пенал, а Бразилецот беше и асистент при шестиот гол во 93-та минута.

Вечерва ПСЖ ќе мора во Минхен против Баерн да се вади, не само за поразот од Баварците на првиот меч дома од 0-1, туку и да го направи 8-ми март и со убави сеќавања за своите фанови.

Потсетување на голот на Сержи Роберто кој погоди за 6-1 и на ПСЖ му го нанесе најболниот пораз:

- Оглас -

Најнови вести