Денешниот датум го слават и Реал и Барса, им донесе многу радост (Видео)

Денешниот датум, 20-ти мај, се слави и во Реал Мадрид и во Барселона затоа што клубовите освоија титули кои никогаш нема да ги заборават и важат за историски кај нивните фанови. Каталонците на 20 мај 1992 година за првпат станаа европски прваци, додека Кралскиот клуб го заврши 32-годишното чекање и на 20 мај 1998 дојде до седмата европска титула, прва по пауза од 32 години.

Барселона и пред 1992 година важеше за натпросечен европски клуб, но никогаш не беа на врвот. Тогаш стигнаа до финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“ и во продолжението на мечот со Сампдорија, Роналд Куман даде гол од слободен удар за победа од 1-0, па Барса конечно стана европски шампион. Малерот беше разбиен и подоцна клубот освои уште четири вакви трофеи.

На 20 мај 1998 година, во финалето на ЛШ во Амстердам, Реал Мадрид го победи Јувентус со 1-0, погодокот беше дело на Предраг Мијатовиќ. За Реал тоа беше седма европска титула, но прва во „боја“ по шесте во „црно-бело“ и прва по чекање од 32 години. Оваа титула го отвори патот за Реал во следните четири години уште двапати да се искачи на европскиот трон. Голот на Мијатовиќ може да го погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести