Денешниот меч на Интер е неизвесно дали ќе се одигра

Екипата на Интер денеска од 18:00 часот треба да го игра првенствениот меч против Венеција, но постои голема веројатност дека тој да биде одложен.

Гостите имаат голем број на позитивни играчи на Ковид-19 вирусот, а доколку и на тестирањето од 14:00 часот се појави уште некој на таа листа, односно немаат 13 играчи и двајца голмани, натпреварот ќе биде преместен за некој нареден термин.

Вакво нешто не му одговара на првакот на Италија, кој во наредниот период има згуснат распоред и во период од 6-ти до 16 февруари треба да одигра четири натпревари сите тие се дерби (Милан, Рома, Наполи и Ливерпул во Лигата на шампионите).

Останува да се види каква ќе биде одлуката на италијанската федерација и дали ќе дозволи да се одигра оваа средба денеска, или ќе се бара накнадно нов дополнителен термин.

- Оглас -

Најнови вести