Денешниот Супер тип наместо стандардните 16 има еден помалку, од пет спортови, фудбал, хокеј на мраз, кошарка, бејзбол и тенис, со специјално зголемени квоти во Sport Life. Фудбалот доминира со седум меча, по три се кошаркарски и тениски, и по еден меч од бејзбол и хокеј на мраз.
Понудата стандардно започнува со тенис и дуелот меѓу Шериф и Блинкова, а тука се и пресметката меѓу Саснович и Фернандез како и таа меѓу Кенин и Буска.
Хокејот е застапен со мечот од плејофот во НХЛ лигата меѓу Њу Џерси девилс и Каролиха хурикејнс, додека во МЛБ бејзбол лигата играат Питсбург и Колорадо.
Кошарката е застапена со три натпревари. Вечерва се игра и одлучувачкиот петти натпревар од плејоф пресметката меѓу Олимпијакос и Фенербахче по кој ќе биде познат третиот патник на завршниот турнир во Евролигата, а во НБА на програмата има два меча, Бостон – Филаделфија и Денвер – Феникс.
Мечот кој е „ѕвезда на понудата“ е полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Покрај мегапресметката на двата гиганти, има уште седум фудбалски мечеви со специјално зголемени квоти.