Денешните големи дерби дуели најдобро е да се одиграат на голови

1009 Арсенал – Кристал Палас (15:00 ч.)

Топчиите во четвртокот доживеаја болна елиминација од Лигата на Европа, загубија во пенал рулетот од Спортинг Лисабон и сега целиот фокус ќе го насочат кон Премиер лигата каде се лидери на табелата. Арсенал има пет бода предност пред Манчестер сити и со евентуален триумф ќе избегаат на осум бода бидејќи Граѓаните вчера играа во ФА купот. Кристал Палас се уште нема победа во Премиер лигата во 2023 година, и тоа тоа го чинеше отказ Патрик Виеира. Арсенал е голем фаворит денеска и се освен победа ќе претставува изненадување.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.94)

 

1360 Барселона – Реал Мадрид (21:00 ч.)

Вечерва се игра најголемото фудбалско дерби на светот, популарното Ел Класико, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Барселона има девет бода предност пред Кралевите на лидерската позиција и со евентуална победа, речиси сигурно ќе ја освои титулата. Доколку Реал слави, тогаш се враќа неизвесноста во битката за титулата бидејќи во последните 12 гола Барселона би бранела само шест бода предност. Во првиот меч сезонава, Кралевите на „Сантијаго Бернабеу“ победија со 3:1, но потоа Барселона се радуваше на два меча. Каталонскиот тим прво славеше во финалето на Суперкупот со 3:1, а пред 17 дена победи и во првиот полуфинален меч од шпанскиот Кралски куп со 0:1 и тоа во Мадрид.

Предлог тип: ГГ3+ (2.13)

 

3009 Лацио – Рома (18:00 ч.)

Денеска се игра и Дерби дела Капитале, односно римското дерби меѓу Лацио и Рома. Посебен шмек на дербито му дава тоа што двете екипи се борат за освојување на едно од првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите, Лацио е третипласиран со 49 бода, а Рома е петта со два бода помалку. На последните девет меѓусебни дуели, единствено на последниот беше постигнат само еден гол, на останатите стрелците на двете екипи беа расположени да давање голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.45)

 

3613 Интер – Јувентус (20:45 ч.)

Вечерва се игра и најголемото дерби во Серија А, Дерби Италија, меѓу Интер и Јувентус. Старата дама и покрај тоа што беше казнета со одземање на 15 бода поради финансиски малверзации на претходното раководство, успеа да се врати во игра за пласман на позициите кои носат во европските купови. Јувентус е седми со 38 бода, додека Интер е второпласиран со 12 бода повеќе. На последните шест меѓусебни дуели, дури на пет беа постигнати најмноги два гола, а само еден заврши со 2:1 за Јувентус.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.20)

 

1903 ПСЖ – Рен (17:05 ч.)

ПСЖ мора да победи во дербито со Рен за да го угаси „пожарот“ во соблекувалната. Атмосферата во ПСЖ не е најдобра и за започна по елиминацијата од Баерн Минхен во ЛШ, а кулминира вчера кога медиумите открија дека Лионел Меси го напуштил тренингот на екипата незадоволен од работата на тренерот Кристоф Галтие. Сепак, и покрај проблемите во соблекувалната и отсуството на повредениот Нејмар,ПСЖ е најдобар тим во Франција и тоа би требало да го потврди во дуелот со Рен. Дополнителен мотив за Меси, Мбапе и останатите фудбалери на ПСЖ ќе претставува можноста да се реваншираат за поразот од 1:0 од почетокот на годинава.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести