На Ливерпул му треба победа или нерешен резултат против Тотенхем за вечерва да ја прослави својата 20-та шампионска титула во Англија, но прва после пауза од 35 години пред своите навивачи.
На 28-ми април 1990 година кога Црвените по 18-ти пат станаа прваци на Англија, никој не ни помислуваше дека е можно тогаш најтрофејниот клуб толку долго да чека на наредната титула. Наредната се случи во 2020, но поради коронавирусот, Ливерпул немаше прилика да слави заедно со фановите.
Денеска конечно дојде денот кој го чекаа (пре)долго. Ливерпул е подготвен за фешта, заслужија голема прослава.