33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Денеска е посебен меч за Србинот: Ни болеста не може да го сопре Михајловиќ

Болоња на свој терен го пречекува Лацио, дуел кој има посебно значење за тренерот на домаќините, Синиша Михајловиќ. Некогашниот српски репрезентативец поголем дел од кариерата ја помина играјќи за Лацио. Боите на Небесносините ги бранеше во периодот од 1998 до 2004 година, а е и многу близок пријател со сегашниот тренер на римскиот тим, Симоне Инѕаги.

Токму затоа, Михајловиќ и денеска ќе излезе од болницата во која се лекува од опасната болест леукемија само за да биде на клупата на Болоња. Сепак, конечната одлука за тоа дали Михајловиќ во попладневните часови ќе ја напушти болницата треба да ја дадат лекарите, кои треба да одлучат дали Синиша е доволно цврст за да може да ги издржи двочасовните фудбалски возбудувања.

Болоња освои само еден бод на последните три меча и сосоема сигурно е дека им е потребен тренерот да биде на клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести