Денеска е ждрепката за ЕП 2024: Има потенцијални неколку „групи на смртта“, можно е Албанија, Хрватска и Србија да се паднат заедно

Вкупно 21 од потребните 24 селекции кои ќе бидат дел од Европското првенство следната година во Германија се познати. Остануваат три празни места кои ќе се пополнат по одигрување на бараж дуелите од Лигата на нации.

Иако не е комплетиран бројот на учесниците на ЕП 2024, денеска во 18 часот ќе биде ждрепката за формирање на групите за континенталниот собир. Учесниците 24 на број ќе бидат поделени во шест групи со по четири репрезентации.

На ждрепката, селекциите се поделени во четири барабани по јачина. Во првиот барабан се наоѓаат оние кои имаат најголем коефициент, додека во четвртиот се тие со најслаб коефициент.

Според тоа како се распоредени селекциите по барабани, можно е да има интересни групи на ЕП 2024 година. Од можните комбинации како „група на смртта“ може да се формира ако во иста група се погодат Англија, Турција, Холандија и Италија. Можна е и потенцијана група да биде со Франција, Данска, Хрватска и Србија, а неверојатно но не и невозможно би било во иста група да се најдат Албанија од вториот барабан, Хрватска од третиот и Србија од четвртиот барабан.

Комбинации има многу, а по 18 часот ќе се знаат групите за ЕП 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести