5.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Денеска еден меч од Лигата на шампионите ќе се игра во необичен термин

Каират и Олимпијакос својот натпревар од фудбалската Лига на шампиони ќе го играат од 16.30 часот по македонско време, што е многу невообичаен термин за меч од елитното европско клупско натпреварување.

Стандардните термини се 18.45 и 21 часот, но УЕФА дозволи денеска да се игра порано.

Астана, градот во кој Каират игра како домаќин во ЛШ, е четири часовни зони пред средноевропското време, па кога ќе почне средбата, во главниот град на Казахстан ќе биде 20.30 часот. Друга важна причина е и суровиот поларен студ. Кога би почнале подоцна, би било уште постудено (и преку ден температурата е околу -20 степени) и на фудбалерите би им било уште понепријатно, иако и вака ќе им биде „кочан“ ладно и ќе треба добро да се подготват за игра во такви услови.

- Оглас -

Најнови вести