Денеска играат финските „експерти за неефикасни мечеви“

Хонка – ХИФК (фудбал, Финска, 17.30 часот)

Екипата на Хонка во 11 настапи сезонава има дадено скромни 12, а примено само 5 гола. Експерти се за мечеви со 0-2 гола, а и за нерешени игри. Од 11-те меча, дури седум им завршија реми и немаат ниту еден пораз, со што се единствени во лигата. Но, Хонка има само три бода повеќе од ХИФК, кој има три порази по ред, сите минимални и го загуби местото меѓу првите шест коишто одат во плејофот. ХИФК во 11 меча сезонава има само еден нерешен резултат.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.53)

 

Хака – Илвес (фудбал, Финска, 17.30 часот)

Хака е претпоследна на табелата само со 8 бода во 12 кола, но кога сфатија дека може да заглават на дното и да им се закани испаѓање, почнаа да се будат и во претходните две кола собраа четири бода. Хака на свој терен нема добиено лигашки меч во 2020 година. Променливиот Илвес во последните три меча има по една победа, пораз и реми, а испаднаа и од квалификациите во Лигата на Европа. Традицијата на нивните дуели најавува дека гостите нема да дадат повеќе од еден гол.

Предлог тип: 0-2 гола (2.07)

 

Вимблдон – Чарлтон (фудбал, Англија ЕФЛ трофеј, 18.30 часот)

Ова е дуел од првото коло во групата 15 во англискиот ЕФЛ трофеј, натпреварување во кое играат тимови од трета и четврта англиска лига, како и младински екипи на премиерлигаши. Во секоја група има по четири екипи, а во следата фаза одат првите две. Друштво на Вимблдон и Чарлтон во групата 15 ќе им прават Лејтон ориент и младинскиот состав до 21 година на Норвич. Чарлтон во минатата сезона беше во Чемпионшип. Чарлтон победи на последното гостување кај Вимблдон во февруари 2019 година.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.93)

 

Виртус Болоња – Реџана (кошарка, Италија суперкуп, 20.45 часот)

Овој дуел веројатно ќе го одлучи патникот во полуфиналето на Суперкупот на Италија во кошарка. Битката за првото место во групата Б ќе ја водат двата тима кои славеа во првото коло, па скор од 2-0 и подобар меѓусебен дуел од конкурентот на едно коло до крајот на фазата по групи треба да значи пласман во следната рунда. Виртус, кој во своите редови ги има Србите Теодосиќ и Марковиќ, со тренерот Ѓорѓевиќ на клупата, секако e фаворит бидејќи и мечот се игра во Болоња. Реџана не гостувала кај Виртус уште од декември 2018 година и предлогот е дека нема да загубат со повеќе од 13 поени разлика.

Предлог тип: Х 2 -13.5 (1.90)

 

Хауме Мунар – Доминик Тим (тенис, САД опен, 18.30 часот)

Австрискиот тенисер кој е третопласиран на АТП-листата потфрли на Мастерсот Синсинати, терените во Њујорк не му легнаа најдобро, беше разбиен од Крајиновиќ во првата рунда, но вечерва не би смеел да си дозволи да загуби од 105-тиот на светската ранг-листа. Шпанецот Мунар на Мастерсот го мина првото коло, а испадна во второто од Американецот Волф. Тим и Мунар играле трипати, билансот е 3-0 за Тим, но тоа беа дуели на земјена подлога.

Предлог тип: <30.5 гемови (1.83)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Пекинг Гуоан – Чонгкинг Лифан 1 & 3-5 (2.35)

Хонка – ХИФК 1Х & ГГ (2.40)

Торонто репторс – Бостон селтикс 1-1 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести